EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004

претприемништво




ЦеПроСАРД во рамките на проектот Меѓуопштински центар за локален економски развој на мини-регион Зелениково – Петровец реализираше работилницата на тема Претприемништво, маркетинг, бизнис планирање и ИПАРД.

Првиот дел од работилницата се одржа на 1ви и 2ри септември 2010, а вториот дел на 28ми и 29ти септември 2010 година во хотел Романтик, Велес.

Генералната цел на обуките беше подобрување на знаењето на земјоделците, менаџерите на мали и средни претпријатија и претприемачите од двете општини за изработка на бизнис и маркетинг планови, можностите за добивање средства преку петтата компонента на Инструментот за претпристапна пристап помош (ИПА) програмата, која се однесува на рурален развој и Националната програма за поттикнување на руралниот развој. Со јакнење на нивниот капацитет, се зголемуваат можностите за искористување на достапните средства за поддршка и имплементација на конкретни проекти во двете општини.



1 месец


УНДП на општините Зелениково и Петровец


општините Зелениково и Петровец
изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap