EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004

локален развој




Генерална цел: Проектот има за цел да ја заживее историјата на Балканот од 14-19ти век, да поттикне јавна дискусија за вредните, но често запоставени отомански споменици од овој период и да придонесе кон спречување на конфликт на ставовите.

Специфични цели: Да се поттикне соработката помеѓу различни културни оператори и организации на Балканот и во Европа.



Општата јавност, деца до 18 години, граѓански и образовни организации, локалните власти, невладини и истражувачки организации, централната власт (Министерства за образование и надворешни работи), студенти, младите луѓе.


Општата јавност, ученици, граѓански организации и НВО и во Албанија, Грција, Германија, Косово, Македонија и Србија.

  • Гете Институтот (Goethe-Institute.V.) во Атина – Лидер на проектот;
  • ЦеПроСАРД – Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој (Македонија);
  • OJQ Emancipimi Civil Ma Ndryshe, (Косово);
  • „Ремонт” Независна уметничка асоцијација (Србија);
  • Албански Фонд за споменици (Албанија);
  • Непрофитна фондација Анемон (Грција);



Промоција на имиџот на Балканот во регионот и во Европа и придонес кон значењето на историјата и идентитет врз мултиетничкиот и мултирелигиозниот соживот, заштита и подобар пристап до културното наследство на Балканот и ревизија на наставната програма по историја во регионот.

  • Изработка на фотографии од локални фотографи во Југоисточна Европа за сеќавањето и објектите од отоманскиот период.
  • Изложба на фотографии (во Атина, Приштина, Скопје, Белград, Тирана и Минхен) и публикување на англиски јазик, преведено на 6 јазици.
  • Интернет сајт на англиски, германски, српски, албански, македонски и грчки јазик.
  • Документарен филм за деца. 26 минутен документарец за деца на возраст од 12-18, ќе биде дел од изложбата, и ќе може бесплатно да се симнува од интернет сајтот.
  • Образовните наставни планови за средните училишта ќе бидат изготвени на шест јазици.
  • Извештаи на историчарите од Грција, Албанија, Србија, Косово и Македонија со предлози за дополнувања кои треба да се направат на наставната програма по историја, што се однесува на отоманскиот период.
  • Аудиовизуелен спот (траење: 20-30 секунди) кој содржи неверојатни и уметнички снимени секвенци од отоманското наследство и пејсажи во Албанија, Косово, Грција, Македонија и Србија.
  • Медиумска кампања и лобирање на локалната и централната администрација и туристичките организации. Промоција на проектот и неговите цели на пошироката јавност.

www.balkantale.com


Јануари 2011- Октомври 2012 (22 месеци)


European Commission – DG Enlargement
изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap