EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004

локален развој




Целта на проектот е да се подигне свеста на европските граѓани и институции, како и на локалните и националните авторитети и пошироката јавност за вредното природно и културно наследство на регионот. Овој ресурс создаван низ вековите, треба да се пренесе на идните генерации во неговата автентична состојба како неизоставен дел од меморијата на човештвото, незаменлива експресија на богатството и диверзитетот на европското културно наследство, но и како значаен елемент на националниот идентитет.

Со проектот се придонесува за:
  • Зголемување на атрактивноста на Мариово, особено неговите села, споменици и пејсажи;
  • Зајакнување на перцепцијата на областа како специфична, природно и културно богата туристичка дестинација;
  • Отворање дијалог помеѓу европските и македонските институции, на сите нивоа, за неопходноста за зачувување и соодветна заштита на архитектонското наследство

Проектот се состои од следните групи на активности:достапни податоци и истражувања на терен, подготовка, превод и издавање на резултатите, организирање промоција и дистрибуција на проектните резултати


07 Август - 31 Декември, 2009 година


GTZ

Публикација Прикажи детали

Излезе од печат двојазичната публикација „Откривање на архитектонското наследство на Мариово“ и промотивниот флаер, со што успешно се реализираше и втората фаза на истоимениот проект. На веб страната се достапни повеќе податоци за публикацијата, мапа и други корисни информации


На подрачјето на историско географската област Мариово постојат бројни сведоштва на градителската умешност, знаење и традиција на луѓето кои од предисторијата до денес го населувале ова подрачје.

Оваа двојазична публикација има за цел, преку јазикот на архитектурата да ја презентира културната историја и богатство на оваа област. Публикацијата е само една од низата активности на Проектот „Откривање на архитектонското наследство на Мариово“ чија основна цел е презентирањето на АРХИТЕКТОНСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАРИОВО, како интегрален дел на Европското културно наследство.

Промоцијата на резултатите од проектот е предвидена за месец март, во Прилеп, каде ќе присуствуваат градоначалниците и претставници на сите три општини - партнери на проектот - Прилеп, Новаци и Кавадарци.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap