EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004

социјална кохезија




Главната цел на проектот е да го овозможи спроведувањето на процесот на деинституционализацијата на лицата со попреченост од резиденцијални институции во единици за живеење (домување) со поддршка во заедницата, преку обезбедување на иноватини социјални услуги.

Проектот ќе придонесе кон подобрување на условите на живеење на лицата со посебни потреби кои живеат во резиденцијални институции, преку нивно раселување во единици за живеење (домување) со поддршка во заедницата; ќе ги зајакне капацитетите на стручните лица кои нудат социјална грижа и нега, како што се асистенти за поддржано живеење, ќе воведе иновативни социајлни услуги во заедницата за активна инклузија на лицата со попреченост во општеството и ќе ја зголеми јавната свест за прифаќање и активно вклучување на лицата со попреченост во општествениот живот.

Специфични цели:
  • Воспоставување на услови за процесот на деинституционализација;
  • Раселување на лица со попреченост во во единици за живеење (домување) со поддршка во заедницата;
  • Обезбедување иновативни социјални услуги за активна инклузија на лицата со попреченост во општеството;
  • Подигање на јавната свест за предностите на процесот на деинституционализација и вклучување на лицата со попреченост во општествениот живот


Целна група и крајни корисници на проектот се лицата со попреченост и нивните семејства, единици за локална самоуправа, национални институции и ГО кои работат во областа на социјалните аспекти.

Имплементацијата на проектот е организирана во следните кластери на активности:
  • AC PM. Проектен менаџмент и координација;
  • AC1. Воспоставување услови за процесот на деинституционализација на лицата со попреченост;
  • AC2. Обезбедување на услуги за живеење со поддршка во заедницата;
  • AC3. Обезбедување на иновативни социјални услуги засновани на заедницата;
  • AC4. Промоција и дисеминација на проектните активности и резултати


Очекувани резултати кои треба да се постигнат со проектот се:
  • R1. Оформени единици за живеење со поддршка во заедницата, зголемено знаење и капацитети на стручни лица - асистенти за поддржано живеење на лица со попреченост, како и подготвени лица со попреченост за процесот на деинституционализација;
  • R2. Раселени корисници од резиденцијални институции во единици за живеење со поддршка во заедницата;
  • R3. Развиени и имплементирани иновативни специјализирани индивидуални услуги преку окупациона хортикултурна терапнија;
  • R4. Зголемена јавна свест за предностите на процесот на деинституционалнизација на лицата со попреченост и нивна активна инклузија во општествениот живот.



02.01.2020 – 01.01.2023 година

  • Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД;
  • Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
  • ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
  • Општина Демир Капија;
  • Фондација Лоза, Шведска



Eвропската Унија

Проектот се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.
изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap