EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Oдржан Третиот состанок на насочувачки комитет во рамки на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР

На 23 ноември, преку ZOOM платформата се одржа третиот од четирите предвидени состаноци на Насочувачки комитет во рамки имплементацијата на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР.

Состанокот го отвори проектниот менаџер, a свое обраќање имаше и г-дин Томислав Цветковски од Министерството за труд и социјална политика.

Дел од тематиките кои беа опфатени во дискусијата беа имплементираните активности во изминатите 6 месеци од проектната имплементација, со посебен акцент на изборот и состојбата на терен за нови станбени единици за живеење со поддршка во заедницата, соработка со Специјалниот Завод Демир Капија во процесот на подготовка на корисниците за процесот на деинституционализација, како и изборот и стручноста на кадарот кој ќе биде ангажиран во малите групни домови. На состанокот се дискутираше и за условите за работа во доменот на давање социјални услуги - живеење со поддршка во заедницата, заинтересираноста на организации на пазарот за работа во овој домен и условите и соработката со надлежните институции и креаторите на политиките.

На состанокот покрај претставници на членовите на конзорциумот, присуствуваа претставници од Европската Делегација, Министерството за труд и социјална политика, Македонско Монтесори Здружение, Здружението за лица со церебрална парализа и други попречености - Велес, претставник од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот Факултет, Скопје и Центарот за образование на возрасни - ЦОВ.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap