EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Промоција на нов проект “Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот- Не оставај никој зад себе” на Првиот Национален саем за социјални претпријатија во Скопје

На 19ти Ноември 2021 година, претставници на ЦеПроСАРД учествуваа на отворањето на Центарот за социјални претпријатија и Првиот Национален саем за социјални претпријатија во центарот на Скопје.

Целта на отварањето на Центарот е улога како инкубатор за поддршка на постоечките и новите социјални претпријатија и граѓански организации кои имаат економски активности.
Нашите претставници заедоа учество во панел дискусијата за претставување и промоција на новиот проект кој треба да започне од декември 2021 година во оваа тематика - “Поддршка на социјалните претпријатија преку следење на принципот- Не оставај никој зад себе”.

На настанот исто така беа дискутирани можностите за поддршка на иновативни идеи на социјалните претпријатија како и запознавање и вмрежување со социјалните претпријатија од цела Северна Македонија, каде имаа можност да ги промовираат своите услуги и производи кои ги нудат на пазарот.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap