EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Отворен мал групен дом за живеење со поддршка на лица со интелектуална попреченост во заедницата во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР

На 11.11.2021 година Лила, Јове, Светлана, Јетон и Славејко се преселија во својот нов дом во Демир Капија од Специјалниот Завод Демир Капија.

Во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР чија главна цел е да го овозможи спроведувањето на процесот на деинституционализацијата на лицата со попреченост од резиденцијални институции во единици за живеење (домување) со поддршка во заедницата, преку обезбедување на иноватини социјални услуги - овој дом е еден од првите три кои периодов ќе бидат отворени.

Преку услугата живеење со поддршка во заедницата, корисниците на Заводот ќе имаат подобри услови за живот, а стручниот кадар во стамбените единици преку секојдневните активности ќе работи и на активна инклузија на лицата со попреченост во средината во која живеат. Пет негуватели, поддржани од стручни лица од Заводот, ќе обезбедуваат 24 часовна грижа за корисниците и ќе им помагаат да се вклучат во општетсвото.

Проектот е финансиран од Eвропската Унија и се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.

Проектот се имплементира во конзорциум со:
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
- Општина Демир Капија;
- Фондација Лоза, Шведска

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap