EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Теренска посета на станбени единици во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“ и одржан состанок со претставници на Фондација Лоза и Дендо Вас

Во текот на оваа работна недела, на 28ми октомври 2021 беше реализирана теренска посета на станбените единици кои се адаптирани во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“ во општините Демир Капија, Неготино и Велес со претставник од партнерската организација Фондација Лоза од Шведска, со цел увид во состојбата на терен.

На 1ви ноември 2021, во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД се одржа состанок со преставник на Фондација Лоза од Шведска и претставник на Здружение Центар за образовна поддршка Дендо вас. На состанокот нактратко се презентираа целите и активностите на проектот ТИМОР и беше прикажан процесот на адаптацијата и опремувањето на првите три станбени единици станбени единици за живеење со поддршка во кои треба да бидат преселени корисници со интелектуална попреченост од Специјалниот Завод Демир Капија, како и следните фази на реализирање на проектот.

Претставниците ги споделија активности кои ги реализираат во рамките на своите организациите со цел допринос за ранливите категории на граѓани и можности за идна соработка.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap