EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Оглас за вработување на 5 негователи / асистенти за живеење со поддршка во станбена единица за живеење со поддршка во заедницата во општина Велес

Здружението Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во соработка со проектните партнери - Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза, Шведска во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР има потреба од пет (5) асистенти за живеење со поддршка / негователи за станбени единици за живеење со поддршка во заедницата кои ќе работат 40 работни часа неделно (полно работно време) во мала станбена единица каде живеат лица со интелектуална попреченост, започнувајки од октомври/ноември 2021 година.

Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проект за 4 месеци во временскиот период октомври/ноември 2021 година – февруари/март 2022 година. По завршувањето на договорниот период за финансирање од страна на проектот, Здружението ЦеПроСАРД и провајдерот на услуги ЈУ ДК ќе извршат проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.

Аплицирање

Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 29/09/2021 на info@ceprosard.org.mk со наслов Апликација за Неговател - Велес или директно во канцеларијата на ЗГ ЦеПроСАРД (пон-петок 08:00-16:00).

Апликантите/Пријавените лица/Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 30.09.2021. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.

Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирате нe на info@ceprosard.org.mk

01. ToR - Негователи - Велес

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap