EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Работна средба во рамки на проектот ТИМОР претставници на партнерските организации во СЗ Демир Капија и теренска посета на стамбените единици за живеење со поддршка во заедницата

На 06.09.2021 година, во просториите на Специјалниот Завод Демир Капија ЈУ, се одржа работен состанок со претставници на дел од партнерските организации на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“ - ЗГ ЦеПроСАРД; ЗГ ССЕР Скопје, претставник на Фондација Лоза од Шведска и раководството на СЗ Демир Капија.

На состанокот беше дискутиран текот на подготовката на 15 лица со попреченост за раселување во првите 3 станбените едници кои се во тек на подготовка и тоа: во општина Демир Капија, општина Неготино и општина Велес.

Лицата со попреченост кои се сместени во ЈУ СЗ ДК се подготвуваат од страна на експертска организација Македонското Монтесори Здружение. Направен беше увид во подготовката на 10 асистенти за живеење со поддршка кои со практични вештини се стекнуваат во просториите на ЈУ СЗ ДК и кои работно ќе се ангажираат во стамбените единици за живеење со поддршка во заедницата во општина Демир Капија и општина Неготино. Давател на социјална услуга живеење со поддршка на долг рок во овие две станбени единици е ЈУ СЗ Демир Капија.

Работната средба продолжи со теренска посета на станбените единици чија реконструкција е во тек во општина Демир Капија и општина Неготино. Во текот на денешниот ден - 07.09.2021 се реализира и посета на стамбената единица во подготовка во општина Велес. Задоволство од напредување на активностите целосна адаптација на просторот и подготовката на лицата со попреченост како и следењето на нивните потреби беше изразено од страна на учесниците на средбата.

Партнери на проектот:
- Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД;
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
- Општина Демир Капија;
- Фондација Лоза, Шведска

Проектот е финансиран од Eвропската Унија.

Проектот се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap