EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Координативен состанок во Специјалниот Завод Демир Капија за текот на подготовка на корисниците за процесот на деинституционализација со претставници од Македонско Монтесори Здружение

На 31.08.2021 година, во просториите на Специјалниот Завод Демир Капија ЈУ, се одржа координативен состанок помеѓу проектниот тим на проектот “Заедно за повеќе можности
и поддршка“ - ТИМОР, претставник на организацијата Македонско Монтесори Здружение ангажирана за процесот на подготовка на лицата со попреченост за деинституционализација и претставници на СЗ Демир Капија ЈУ.

Имплементацијата на проектот е во фаза на подготовка на корисниците од Специјалниот Завод Демир Капија за процесот на деинституционализација, подготовка на лични планови за преселба како и подготовка на корисниците за раселување и прилагодување на живеење во станбени единици за живеење со поддршка во заедницата.

На состанокот се дискутираше за континуитетот на подготовката на персоналните планови, соработката со тимот за преселба од Заводот и подготовката на 15 лица со попреченост за раселување во првите 3 станбените едници кои се во тек на подготовка од страна на проектот, и тоа во општина Демир Капија, општина Неготино и општина Велес.
Ангажираните професионални работници од страна на Македонското Монтесори Здружение информираа за текот на подготовката на корисниците и ја ревидираа подготвената документација за подготовката на првите 15 лица со попреченост при СЗДК.

Партнери на проектот:
- Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД;
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
- Општина Демир Капија;
- Фондација Лоза, Шведска

Проектот е финансиран од Eвропската Унија.

Проектот се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap