EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Оглас за вработување на 10 негователи / асистенти за поддржано живеење во 2 станбени единици за живеење со поддршка во заедницата во општина Демир Капија и Неготино

Здружението Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” во соработка со проектните партнери - Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија; ЈУ Специјален Завод Демир Капија; Општина Демир Капија; Фондација Лоза, Шведска во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР има потреба од десет (10) асистенти за поддржано живеење / негователи за станбени единици за живеење со поддршка во заедницата кои ќе работат 40 работни часа неделно (полно работно време) во две (2) мали станбени единици што ќе работат од август/септември 2021 година, т.е. по пет (5) негуватели / асистенти за поддржано живеење на мала станбена единица на територија на о. Демир Капија и о. Неготино, каде секоја единица има по 5 лица корисници на услугата со интелектуална попреченост.

Вработувањето ќе се изврши врз основа на договор на услуга во рамки на проект за 6 месеци во временскиот период 01 август 2021 година – 31 jaнуари 2022 година. По завршувањето на договорниот период за финансирање од страна на проектот, Здружението ЦеПроСАРД и провајдерот на услуги ЈУ ДК ќе извршат проценка на потребните позиции во согласност со Правилникот за социјални услуги на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) на Република Северна Македонија, за продолжување или скратување на работната позиција.

Аплицирање

Ги повикуваме кандидатите да достават целосна биографија на македонски јазик до 26/07/2021 на info@ceprosard.org.mk со наслов “Апликација за Неговател“

Апликантите/Пријавените лица/Кандидатите ќе бидат известени за резултатот од изборот до 28.07.2021. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Сите пријави ќе се сметаат за доверливи, во согласност со барањата за заштита на личните податоци.

Доколку имате прашања или потреба за дополнителни информации, Ве молиме контактирате нe на info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации превземете го документот:

Oглас за вработување - негователи ДК и Неготино

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap