EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Започнати теренски активности за адаптација на првата едиица за живеење со поддршка во Велес во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР

Во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР, сопствениците на куќата која ќе стане нов дом за поддржано живеење во Велес, во блиска соработка со проектниот тим и идниот давател на социјална услуга за живеење со поддршка на лица со попреченост во заедницата - „Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености” -(ЗЛЦПДП) од Велес, согласно законските регулативи и правилници започнаа со активности за адаптација на домот кој од незавидна состојба ќе биде трансформиран во комфорен и соодветно реконструиран дом на 5 лица со попреченост кои ќе го напуштат Специјалниот Завод Демир Капија.

Г-ѓа Далиборка Златва - директор на ЗЛЦПДП-Велес ќе биде координатор на активностите за функционално воспоставување на првата стамбена единици за живеење со поддршка во Општина Велес.

Во рамки на проектот е предвидено формирање на 10 нови станбени единици за живеење со поддршка, кои ќе бидат нов дом за 50 лица од Специјалниот Завод Демир Капија.

Партнери на проектот:
- Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД;
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- ЈУ Специјален Завод Демир Капија;
- Општина Демир Капија;
- Фондација Лоза, Шведска

Проектот е финансиран од Eвропската Унија.

Проектот се имплеметира во рамките на Акциската програма на ЕУ за поддршка во образованието, вработувањето и социјалната политика, ИПА II 2017.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap