EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЦеПроСАРД организира информативна сесија на тема „Можностите од имплементација на ЕЕ и ОИЕ во болници и поставување на репери за исполнување на енергетски стандарди за болници близу до нула“

На 11.03.2021 год., Тимот на ЦеПроСАРД во рамките на проектот „ZenH Balkan - Болници на Балканот со енергија близу нула“ организира информативна сесија на тема „Можностите од имплементација на ЕЕ и ОИЕ во болници и поставување на репери за исполнување на енергетски стандарди за болници близу до нула“ која се одржа on-line на ZOOM платформата.

Кратко претставување на проектот и проектните активности даде г-а Светлана Петровска, извршен директор на ЗГ ЦеПроСАРД.

Сесијата ја поздрави и даде вовед Д-р Аргиро Димоуди, Демокрит Универзитет во Тракија, Оддел за инженерство на животна средина, Ксанти, Грција - водечки партнер на проектот.

На темите:
- Значење и придобивки од употребата на репери (benchmark) при проценка на ЕЕ и ОИЕ кај болниците во земјата и на Балканот
- Резултати од поставувањето на репери за исполување на енергетски стандарди за болници близу до нула во РСМ (недостатоци и можности)
- Енергетско моделирање со имплементација на ЕЕ и ОИЕ мерки за постигнување на енергетски стандарди на болници блиску до нула
- Бенефити од користење на унифициран пристап при енергетско моделирање на болници за секторот здравство и МЗ
свои презентации изложија Биљана Черепналкоска - експерт за енергетска ефикасност, Тања Блажевска - магистар во енергетски инженеринг и Здравко Стефановски - експерт за енергетска ефикасност, при што се разви и дискусија за презентациите.

На сесијата со свои претставници учествуваа: Министерство за Здравство, Агенција за Енергетика, Министерство за Економија, Цементарница Усје, Енвирос проект Чешка, Евроконсалтинг надзор, Хабитат, ЕБРД, External experts of Sparkassenstiftung fur internationale Kooperation, МСИП, ЗЛЕК, Проект REPLACE SDEWES-Skopje, МАЦЕФ.

Проектот има за цел да ја поддржи имплементацијата на европската директива за енергетски карактеристики на зградите (EPBD) преку дефинирање на карактеристиките и стандардите за болници со „енергија близу нула“ во јужниот регион на Балканот и е поддржан од Европската Унија преку програмата Balkan-Mediterranean.

Партнери во проектот:
• Демокрит Универзитетот во Тракија, Одделот за инженерство на животната средина, Ксанти, Грција
• АЛБАФОРЕСТ, Албанија
• Софија енергетски центар ДОО, Бугарија
• Институт Кипар, Кипар

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap