EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004

земјоделство и рурален развој
Фаза1 - истражувањеФаза2 - имплементација

Проектот „Промоција на одржливи земјоделски практики, енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во руралните заедници во Република Македонија” - Агронергија (фаза на истражување), опфати истражување за расположивоста на ресурси за обновливи извори на енергија во Република Македонија поволни за мали инвестиции.

За потребите на проектот беше ангажиран тим на експерти од земјоделски, шумарски, машински, градежен факултет и МАНУ, како и експерти од стопанството во процесот на истражување на сИзработени се 12 студии за истражување на расположивоста на ресурси за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, и тоа:
  • Сончева енергија
  • Енергија од ветер
  • Енергија од биомаса
    • Искористување на биомаса од шуми;
    • Искористување на биомаса од остатоци од земјоделски култури;
    • Производство на биогас;
    • Производство на биогориво;
    • Компостирање.
  • Енергетска ефикасност на фарма
    • Енергетска ефикасност на живинарски фарми;
    • Енергетска ефикасност на свињарски фарми;
    • Енергетска ефикасност на овчарски фарми и објекти за преработка на млеко на фармите;
    • Енергетска ефикасност во раноградинарското производство;
    • Изградба на еко-куќа.
Студиите даваат препораки за правилно искористување на обновливите извори на енергија во руралните заедници, преку воведување на нови современи технологии за производство, како и заштеда на енергија преку примена на принципите на енергетска eфикасност.

Проектот иницираше креирање на мрежа од сите субјекти активни во областа на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност и заштеда на енергија во државата и регионот.

Податоците од студиите и анализите се достапни на Владата на Република Македонија во процесот на формулирање на политика и стратегија за одржливи практики во земјоделството во руралните средини и во областа на енергетиката, и за сите заинтересирани субјекти.


Фаза на истражување: 1 декември 2008 - 31 јануари 2010 година


SIDA

  • Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Министерство за економија
  • Министерство за животна средина и просторно планирање
  • Министерство за локална самоуправа
  • Факултет за земјоделски науки и храна
  • Федерација на фармери на Република Македонија
  • ЗЕЛС
изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap