EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004

Обука на ЕК - почетнаУсовршување на ЕК

ОБУКА НА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

Поради преодниот режим поврзан со измените во законската регулатива, во моментот не се организираат обуки за енергетски контролори и обуки за усвршување на енергетски контролори.

Компаниите кои поседуваат важечки лиценци за вршење енергетска контрола, можат да добијат преодна лиценца

Согласно членот 58 од Закон за енергетска ефикасност, кој стапи на сила на 18.02.2020 год.:

„(1) Сите важечки лиценци, односно овластувања за вршење на енергетски контроли издадени пред влегувањето во сила на овој закон, важат до 31 мај 2021 година и со истите можат да се вршат исклучиво енергетски контроли на згради. Министерството за економија по службена должност го усогласува рокот на важност во издадените лиценци, односно овластувања, најдоцна до 30 јуни 2020 година...“

„...(3) Постапките за издавање на лиценци и овластувања за вршење енергетски контроли кои се започнати пред денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе завршат во согласност со одредбите од Законот за енергетика („Службен весник на Република Македонија“ број 16/11, 136/11, 79/13, 164/13, 41/14, 151/14, 33/15, 192/15, 215/15, 6/16, 53/16 и 189/16).

(4) Издадените лиценци, односно овластувања согласно со ставот (3) на овој член се со рок на важност до 31 мај 2021 година.

(5) Носителите на овластување издадено согласно со ставовите (1), (3) и (4) на овој член, најдоцна до 30 април 2021 година доставуваат барање до Министерството за економија за издавање на овластување за вршење на енергетски контроли на згради, со доставување на доказ за завршена обука за усовршување на контролори на згради.“

КАКО ДА ДОБИЕТЕ ПРЕОДНА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ ЕНЕРГЕТСКА КОНТРОЛА

Во врска со преодниот режим утврден во Законот за енергетска ефикасност, Министерството за економија за компаниите кои имаат важечки лиценци по службена должност изготви нови- лиценци со рок на важност до 31.05.2021 година, со цел регулирање на преодниот период до донесување на подзаконските акти согласно новиот закон.

Лиценците во овој период ќе се доставуваат само електронски, на следниот начин:

- Носителот на важечко овластување за енергетска контрола треба да испрати e-mail до Министерство за економија, во кој ќе биде прикачено скенирано овласувањето за вршење на енергетска контрола, е-mail треба да се испрати до Бојана Стојчевска и до Горан Николовски на следните е-маил адреси stojcevskab@gmail.com и goran.nikolovski@economy.gov.mk

- Лицето кое ќе јa испрати е-mail пораката ќе треба да се идентификува за која фирма настапува, и да посочи e-mail на фирмата која поседува важечка лиценца, со цел да не се злоупотребуваат податоците;

- Лицата за контакт од Министерството за економија наведени погоре, ќе ја достават електронската верзија на преодната лиценца на e-mail адресата на фирмата која поседува важечка лиценца,

- Доставувањето на оригиналните примероци на лиценците кои Министерството за економија ги подготви по службена должност ќе следи по завршување на вонредната сосојба. При подигање на лиценците издадени по службена должност, носителите на важечки лиценци ќе имаат обврска оригиналниот примерок од претходно издадената лиценца да го вратат во Министерството за економија, со цел за нивно поништување.
изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap