EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЗГ ЦеПроСАРД учествуваше на обука преку поврзување на платформата за онлајн следење на Отворената сесија за конкурсите за грантови на ЕУ

Поради сериозната состојба со корона вирусот (COVID-19) на 24 март 2020, тимот на ЗГ ЦеПроСАРД, со свои претставници учествуваше на обука преку поврзување на платформата за онлајн следење на Отворената сесија за конкурсите за грантови на ЕУ, во организација на ПроЕфект, Скопје.

На обуката учесниците се информираа за постапката за подготовка на проект, проектни методологии и програми за поддршка. Исто така беа претставени и конкурси кои се отворени до октомври 2020 година на програми на ЕУ и на други донатори. Учесниците имаа можност да се запознаат со ЕУ трендовите за финансирање во следните 7 години, како и кои фондови ги има ЕУ за земјите кандидати.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap