EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004

за нас

Воспоставување
Здружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” е воспоставено по иницијатива на група граѓани - експерти од областа на земјоделството, руралниот развој, економијата и заштитата на животната средина и културното наследство на основа на споствените сознанија и искуство и согледаната неопходна потреба за интензивно дејствување на полето на воведување на одржливите практики во областа на земјоделството и руралниот развој. Здружението е воспоставено со одржување на состанок на основачите во јуни, 2007 година кога е донесена одлука за името, скратениот латиничен назив и симболот на Здружението.

Причини за постоење
Здружението на граѓани “ЦеПроСАРД” се стреми кон постигнување на следните цели:
  • подобрување на одржливоста во развојот на земјоделството и животната средина;
  • поддршка на развојот на капацитети на институциите на централно и локално ниво;
  • подигнување на свеста кај граѓаните за примена на одржливите практики во земјоделството и во руралниот развој;
  • соодветно искористување на човековите и природните ресурси;
  • подигнување на свеста на граѓаните за недостигот, потребите и начинот на штедење на енергијата, како и за искористување на енергијата како извор и нус производ од земјоделските практики;
  • намалување на штетните емисии и загадувањето на воздухот, почвата и водите во РМ;
  • поддршка за искористување на државните мерки и спроведување на мерките на Европската Унија за прилагодување и заштита на животната средина;
  • заштита на културното наследство како неизоставен дел од одржливиот развој, во рамки на современите глобални трендови за заштита на животната средина и климатските промени

Визија
Рурални области развиени на одржлив начин со целосна грижа за животната средина, ефикасно користење на обновливите енергии, енергетска ефикасност како и заштита на културното наследство што ќе придонесе кон креирање на подобра социјална средина за идните генерации.

Мисија
Нашата мисија е воведување и промоција на одржлив рурален развој. Преку истражување и примена на најдобрите практики ние тежнееме кон обезбедување на подобри услови за живеење, како во руралните така и во урбаните области.

Развој
Здружението работи и понатаму ќе се развива како невладина организација во правец на проширување на своето дејствување на целата територија на Република Македонија, притоа воспоставувајќи поблиска соработка со други невладини организации се до конечно формирање на мрежа  на организации  и промотивни станици во корист на примената на одржливите практики во земјоделстовото и во руралниот развој. Здружението ќе воспостави блиска соработка со локалната самоуправа и со централните институции, лобирајки за промоција и за остварување на својата мисија.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap