EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Меѓународна конференција на тема “Towards nearly zero energy hospitals” во рамки на проектот “Болници на Балканот со енергија близу нула” - ZenH Balkan -

На 19.03.2021 год, 15 предавачи и повеќе од 200 лица од јавниот и приватниот здравствен сектор, академската и научната заедница, независни истражувачи, инженери и студенти присуствуваа на онлајн Интернационалната конференција организирана на тема „Towards nearly zero energy hospitals”.

Тимот на ЦеПроСАРД во рамките на проектот „ZenH Balkan - Болници на Балканот со енергија близу нула” ги покани експертските организации кои работат во областа во Република Северна Македонија да учествуваат на настанот.

Сесијата ја отвори и даде вовед проектниот менаџер Д-р Аргиро Димоуди, Демокрит Универзитет во Тракија, Оддел за инженерство на животна средина, Ксанти, Грција - водечки партнер на проектот. За време на конференцијата, повеќе од 15 главни говорници, како и експерти од земјите партнери - Грција, Бугарија, Република Северна Македонија, Албанија и Кипар - презентираа и потенцираа теми поврзани со создавање на енергетски-ефикасни болници. Во рамки на вториот дел од проектната конференција, членовите на извршниот персонал и експерти од партнерските организации ги презентираа извршените активности и резултатите од проектот ЗенХ - Балкан во земјите партнери - Грција, Бугарија, Република Северна Македонија, Албанија и Кипар.

Проектот има за цел да ја поддржи имплементацијата на европската директива за енергетски карактеристики на зградите (EPBD) преку дефинирање на карактеристиките и стандардите за болници со „енергија близу нула“ во јужниот регион на Балканот и е поддржан од Европската Унија преку програмата Balkan-Mediterranean.

Целосната конференција може да се погледне на Youtube каналот на проекто: https://www.youtube.com/channel/UCpxVyxKnIdL7F4H56ZyhfoA

Партнери во проектот:
- Демокрит Универзитетот во Тракија, Одделот за инженерство на животната средина, Ксанти, Грција
- ЦеПроСАРД, Северна Македонија
- АЛБАФОРЕСТ, Албанија
- Софија енергетски центар ДОО, Бугарија
- Институт Кипар, Кипар

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap