EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржан состанок на комисијата за избор на објекти за формирање мали групни домови за поддржано живеење во задницата во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“

Нa 16.03.2021 се одржа првиот состанок на комисијата за избор на мапираните потенцијални станбени единици за формирање на мали групни домови за живеење со поддршка за корисниците кои ќе бидат раселени од Специјалниот Завод Демир Капија. Комисијата како тело ја сочинуваат претставници на партнерите на проектот ЦеПроСАРД, ССЕР и Специјалниот Завод Демир Капија, Македонско Монтесори Здружение, претставници од Вардарскиот Плански Регион и Скопскиот Плански Регион.

На состанокот беа разгледани потенцијалните мапирани објекти за домување и беа дискутирани критериумите за избор и селекција на првите домови согласно пропишаните правилници и законски одредби. Од Вардарсиот Плански Регион беше побарана поголема соработка и помош во изнаоѓање на провајдери за спроведување на услугата живеење со поддршка во станбени единици и заинтересирани потенцијални организации, преку директна соработка со општините во регионот.
Во првата фаза на спорведување на активноста за реконструкција и опремување на станбени единици за поддржано живеење се избрани 4 објекти во општина Демир Капија и Неготино, за кои провајдер за давање на социјални услуги по завршување на проектот “ТИМОР“ ќе биде Специјалниот Завод Демир Капија.

Проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“ е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци, а се спроведува од страна на ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија ;
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap