EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Четврт состанок на конзорциум на партнерите на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР

На 10 март 2021 година со почеток од 11:30 часот партнерите на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР го одржаа четвртиот онлајн состанок на конзорциум.

Состанокот беше отворен од претседателот на конзорциумот – директорката на Специјален Завод Демир Капија која зборуваше за моменталната состојба поврзана со Ковид-19 пандемијата и потребите на лицата со попреченост во СЗ Демир Капија. Проектниот менаџер ги презентираше завршените активности во 2020 година и временската рамка за 2021 година со предвидените активности кои следуваат во рамки на проектот.

Агендата на состанокот продолжи со активностите во поврзани со донацијата на финансиски сретства за ангажирање на 3 асистенти за поддржано живеење како помош на ЈУ СЗДК од страна на проектниот партнер, Фондација Лоза од Шведска
Проектните партнери дискутираа за начинот на подготовка на корисници за преселба со запазување на протокол за влегување во ЈУ СЗДК, како и статусот на мапирање потенцијални станбени единици за формирање мали групни домови за живеење со поддршка, комисија и критериуми за избор на истите, договор со сопственици и состојбата на терен.

Дискусија и предлози за текот на имплементација на идните проектни активности и подобрување на соработката во имплементацијата на истите беа исто така разговарани од партнерите, како и соработката со релевантните институции и заедничките координативни состаноци во формираните работни групи.

Проектот се спроведува во рамките на Акционата програма ИПА II 2017 на Поддршката на ЕУ за образование, вработување и социјална политика - Поддршка на процесот на деинституционализација во социјалниот сектор во земјата.

Проектот се спроведува од јануари 2020 година од страна на ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија ;
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap