EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЗГ ЦеПроСАРД учесник на работилница во проектот „Болници со енергија блиску до нула“

На 18.12.2020 во рамките на проектот се одржа работилница на тема “Болници со енергија блиску до нула” на која беа детално презентирани можностите за управување со енергија во болниците, примена на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија при реконструкција на болниците и резултатите од споредбените анализи на зградите со енергетска потрошувачка блиску до нула. На работилницата беше презентирана и тнр LCCA (Life-Cycle Cost Analysis) методологија која се користи за економска проценка на интервенциите на згради во јавните набавки на земјите од ЕУ.
Врз основа на наодите од анализите направени во рамки на проектот и енергетските контроли на болниците ќе биде изготвен прирачник и препoраки за примена на различни технологии кои треба да ja подобрат енергетската ефикасност на болниците за да бидат болници со енергетска потрошувачка близу до нула.

Партнери во проектот:
• ЗГ Центар за промоција на земјоделски практики и рурален развој - ЦеПроСАРД
• Демокрит Универзитетот во Тракија, Одделот за инженерство на животната средина, Ксанти, Грција
• АЛБАФОРЕСТ, Албанија
• Софија енергетски центар ДОО, Бугарија
• Институт Кипар, Кипар

Времетраење на проектот:
1 декември 2017 - 29 јануари 2021

Донатор:
ИНТЕРРЕГ Балкан-Медитеран 2014-2020 Европски фонд за регионален развој

Вклучени институции:
• Министерство за здравство на Република Македонија
• Агенција за енергетика на Република Македонија

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap