EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Прв кooрдинативен состанок за соработка со адвокатска канцеларија Џартовски во рамките на проектот ТИМОР

Првиот координативен состанокот со адвокат Дарко Џартовски и проектната единица на проектот ТИМОР, се одржа во просториите на здружението на граѓани „Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој“ ЦеПроСАРД Скопје, на ден 10.12.2020 година, во 15:00 часот.

Со адвокат Дарко Џартовски ќе воспоставиме соработка за изработка на договорна документација при изнајмување на резиденцијални објекти за формирање на мали групни домови и сместување на лица со попреченост. Соработката ќе ја продолжиме и во делот на правна консултација за потребите на проектот ТИМОР.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap