По повод 3ти Декември - Интернационален ден на лицата со попреченост, проектниот менаџер на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ гостуваше во емисијата Ја сакам Македонија на телевизија Сител каде се зборуваше за условите на лицата со попреченост, процесот на деинституционализација и целите на проектот за раселување на корисниците од СЗ Демир Капија и потребата за нивна интеграција и прифаќање во општествениот живот како рамноправни граѓани на заедницата. Во прилог можете да го погледнете инсертот од гостувањето. https://bit.ly/2K4HMOz
Проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци, а се спроведува од страна на ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со: • Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна; • Специјален Завод “Демир Капија“; • Општина Демир Капија и • Фондација Лоза од Шведска
|
|