EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Завршена низата на бесплатни обуки за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата во рамки на “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“

На 17 ноември преку електронската платформа ЗООМ се одржа и последната еднодневна онлајн бесплатна обука за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата, во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“.

Низата од пет обуки се реализираа следејки ја содржината на изработениот “Водич за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата“ од страна на стручните консултанти - дипломиран дефектолог Билјана Стерјадовска Стојчевска и дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор Даниела Саздова, кои воедно се и предавачи на обуките.
На обукте се опфатени теми за организација на работно место и документација на работата, здравствена заштита на корисникот на услугата живеење со поддршка, современи пристапи во давањето поддршка на корисникот на услугата живеење со поддршка, поддршка на корисникот во обавување на секојдневните активности, поддршка на корисникот во грижа за домот и околината, поддршка на корисникот за вклучување во заедницата и користење на услуги во заедницата и самозастапување. Присутните на обуката беа лица од профилот негователи, стручни работници, професори од средни училишта и ученици од стручни медицински смерови.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна;
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap