EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржана трета обука за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР

Во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка - ТИМОР“, на ден 26.10.2020 година во просториите на СУГС „Марија Кири Склодовска“, Скопје се одржа третата од четирите предвидени Обуки за Зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата, почитувајки ги сите пропишани мерки и протоколи за заштита од Ковид-19 вирусот.

Обуката се спроведуваше следејки го изработениот “Водич за зајакнување на вештини за услуги за поддржано живеење во заедницата“ од страна на стручните консултанти - дипломиран дефектолог Билјана Стерјадовска Стојчевска и дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор Даниела Саздова, кои воедно се и предавачи на обуките.

На обукте се опфатени теми за организација на работно место и документација на работата, здравствена заштита на корисникот на услугата живеење со поддршка, современи пристапи во давањето поддршка на корисникот на услугата живеење со поддршка, поддршка на корисникот во обавување на секојдневните активности, поддршка на корисникот во грижа за домот и околината, поддршка на корисникот за вклучување во заедницата и користење на услуги во заедницата и самозастапување. Присутните на обуката беа личности од профилот негователи, болничари и ученици во СУГС „Марија Кири Склодовска“ на смеровите неговател/болничар.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
• Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
• Специјален Завод “Демир Капија“;
• Општина Демир Капија и
• Фондација Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap