EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржан трет Состанок на Конзорциум во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР

На 7ми Октомври, во Хотел Белви во Скопје по завршување на Состанокот на Насочувачки Комитет, се одржа третиот од планирани 9 состаноци на Конзорциум во рамки на имплементацијата на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка”- ТИМОР.

На состанокот присуствуваа учесници од сите ко-апликанти на проектот: Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори (ССЕР), Специјален Завод Демир Капија, Општина Демир Капија и Фондација Лоза Шведска.

Конзорциумот на проектот дискутираше за следните активности согласно временската рамка на проектот и предизвиците во нивното спроведување во работни услови на Ковид-19 пандемија. Менаџерот на проектот ја нагласи потребата за заедничка соработка и развојот на синергија во рамките на кластерите на проектот, со цел квалитетна реализација на сите предвидени активности. На состанокот беа разгледани и можностите за спроведување на теренските активности за кои е потребен влез и директна работа со корисниците на СЗ Демир Капија, со цел нивна подготовка за преселување.

Проектот е имплементиран од страна на ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ;
- Специјален Завод Демир Капија;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза, Шведска

Проектот е финансиран од страна на Европската Делегација во времетраење од 36 месеци.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap