EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржан Втор Состанок на Насочувачки Комитет во Рамки на Проектот „Заедно за Повеќе Можности и Поддршка” – ТИМОР

На 07 oктомври, во хотел Bellevue, Скопје се одржа вториот од четирите предвидени состаноци на Насочувачки комитет во рамки имплементацијата на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР.

Состанокот го отвори програмскиот менаџер од ЕУ Делегација Скопје – г-дин Нафи Сарачини, a свое обраќање имаше и г-дин Владимир Лазовски од Министерството за труд и социјална политика. Дел од тематиките кои беа опфатени во дискусијата беа имплементираните активности во изминатиот период, со посебен акцент на ивршената методологија на теренска работа во време на услови на пандемија и активностите за подигнување на свеста на населението за прифаќање на лицата со попреченост во заедницата.
На состанокот се водеше и заедничка дискусија за текот на имплементација на идните планирани активности во рамки на проектот, во делот на мапирање на потенцијални објекти за формирање мали групни домови и Протоколот за влез во СЗ Демир Капија, како и потребата за соработка со останатите проекти од грантовата шема и МТСП.

На состанокот покрај претставници на членовите на конзорциумот, присуствуваа претставници од Министерството за труд и социјална политика и г-ѓа Маја Крстевска – Центар за образование на возрасните.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- Специјален Завод “Демир Капија“;
- Општина Демир Капија и
- Фондација Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од Европската Унија со времетраење од 36 месеци.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap