EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржана Тркалезна маса во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ”

На 03.09.2020, тимот на ЗГ ЦеПроСАРД, во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ”, организираше настан во хотел Александар Палас, Скопје – Тркалезна маса “Состојби, предизвици и препораки поврзани со имплементацијата на политиките од областа на енергетиката“.
На настанот свое обраќање имаа г-дин Јани Макрадули, Заменик министер за животна средина и просторно планирање, г-дин Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош, г-дин Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, г-дин Нехри Емрула, директор на Агенција за енергетика, г-ѓа Елена Петкановска, консултант, г-ца Софија Богева – Скопје Лаб и г-ѓа Гордана Пецељ, проектен координатор. Активно учество на тркалезната маса земаа претставници од граѓанските организации Жетва на знаење, Алка, Флорит од Гевгелија, Екократер од Кратово, МРР, Милиеуконтакт Македонија, Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – С. Македонија, Здружение Движење за одржлив социоекономски развој ГЛОБАЛ од Битола, претставници од општините Карпош, Бутел и Ѓорче Петров, од Занаетчиска комора на Република С. Македонија, Секретаријат за европски прашања, Стопанска комора како и претставници од UNDP од МЖСПП и UNOPS.

Заменикот министер за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, истакна дека една од клучните компоненти во закрепнување на економијата е енергетската транзиција и дека инвестициите во енергетската ефикасност и обновливите извори, како и декарбонизација на затоплувањето, мора да бидат високо на агендата на економското закрепнување. Ја истакна потребата од квалитетен автохтон Македонски Зелен договор кој ќе ги вклучи граѓанските организации, академската заедница, приватниот сектор, државните институции и пријателите од меѓународната заедница, и ќе продуцира документ за идните генерации.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, се осврна на важноста од користењето на обновливите извори на енергија, промените на системот на греење во државните установи и градење на енергетски ефикасни објекти, како и напредокот на општината во таа насока.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, го презентираше проектот за јавно осветлување во општината како позитивен пример и за другите општини, и дека општината веќе дава поддршка и инвестира во проекти од енергетска ефикасност во објекти на јавниот сектор и згради за колективното домување.
Г-ца Софија Богева ја претстави Заедничка иницијатива за соработката и партнерството на граѓанските организации со националните и локалните власти во областа на животната средина и климатските промени, поддржана од поголем број граѓански здруженија.

На оваа Тркалезна маса фокусот беше ставен на документот со анализа и препораки за поефективно учество на граѓанскиот сектор во спроведување на енергетските политики, кој го презентираше г-ѓа Елена Петкановска. Таа истакна дека дека процесот на енергетска транзиција на нашата земја кон почист и климатски неутрален енергетски сектор може да биде успешен само ако е економски избалансиран и општествено праведен, и ако целото општество стои зад него. Вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации не е еднократен настан, туку континуиран процес, кој помага во градењето доверба на јавноста во одлуките на политичарите и го подобрување квалитетот на донесените одлуки.

Проектот го спроведува ЦеПроСАРД со грант доделен од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) преку проектот „Нордиска поддршка за прогрес на Северна Македонија“ кој го спроведува УНОПС (United Nations Office for Project Services).

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap