EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Работна посета на СИ Демир Капија за потребите на изработка на Анализата на моментална состојба – Проект “Заедно за повеќе можности и поддршка“ -ТИМОР

На 02.09.2020 дел од проектниот тим на проектот ‘’Заедно за повеќе можности и поддршка’’ - ТИМОР, заедно со ангажираните експерти за изработка на Анализа на моментална состојба на Специјалниот Институт Демир Капија, беа во работна посета со цел увид во целосната состојба, обработка на потребните податоци за истата и состанок со претставници од Специјалниот Институт за понатамошниот тек на активноста.

Со почитување на мерките за заштита и превенција на Ковид-19 вирусот, беше извршен увидот во моменталната состојба во СИ Демир Капија, беа извршени разговори со вработените од заводот, разгледување на потребната документација и увид на институционалните капацитети.

Проектот го спроведува ЗГ ЦеПроСАРД во конзорциум со:
• Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
• Специјален Завод “Демир Капија“;
• Општина Демир Капија и
• Фондација Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од Европската Унија.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap