EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Донација на средства за дезинфекција на површини и лична дезинфекција, опрема за лична заштита и УВ-Гард уред за дезинфекција на внатрешни простории

Проектниот тим на проектот _ Заедно за повеќе можности и поддршка_ ТИМОР, се залага заедно со глобалната заедница за придонес во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19 и олеснување на предизвиците и потешкотиите со кои се соочува општеството во кое живееме и работиме. На 21.07.2020год., проектот ТИМОР финансиран од Европската Унија, донираше средства за дезинфекција на површини и лична дезинфекција, опрема за лична заштита и УВ-Гард иновативен уред за дезинфекција на внатрешни простории, за ЈУ Специјалниот Завод Демир Капија, со цел да ги поддржи штитениците - лицата со попреченост, како и вработените за време на оваа криза од пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот.

Општа цел на проектот е поддршка на процесот на деинститутионализација на лицата со попреченост од резиденцијалните институтции во станбени единици за поддржано живеење во заедницата во Република Северна Македонија преку давање на иновативни специјализирани социјални услуги.

Клучни групи и крајни корисници: лица со попреченост и нивните семејства, единици на локалната самоуправа, национални владини институтции, социјални ЗГ

Имплементатори на проектот:
Лидер апликант: ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” - ЦеПроСАРД, граѓанска организација во конзорциум со:
- СЗ Демир Капија ЈУ
- Општина Демир Капија
- Сојуз на Специјални Едукатори и Рехабилитатори на Република Северна Македонија, граѓанска организација
- Фондазија Лоза, Шведска

Вклучени институции: Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија

Траење на проектот: 02 Јануари 2020 – 01 Јануари 2023, период на имлементација на проектот- 36 месеци

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap