EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Повик за ангажирање консултанти за изработка на Водич за зајакнување на вештини за извршување на услуги за поддржано живеење во заедницата и спроведување на тренинг обуки

ЦеПроСАРД во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР финансиран од страна на Европската Унија објавува повик за ангажман на стручни лица - консултанти за изработка на ВОДИЧ ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ВЕШТИНИ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИ ЗА ПОДДРЖАНО ЖИВЕЕЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ТРЕНИНГ ОБУКИ

ЦеПроСАРД бара две искусни, стручни и одговорни лица, кои за потребите на овој проект ќе изработат Водич за зајакнување на вештини за извршување на услуги за поддржано живеење во заедницата, како и опис на моменталната ситуација во услови на работење во време на пандемија од Ковид-19 вирусот, како и однесување на асистентите за поддржано живеење во услови на пандемија во и надвор од работното место. По креирање на Водичот, консултантите ќе подготват и реализираат тренинг обуки во согласност со изработениот Водич и тренинг материјали. Оваа активност е дел од кластерот активности 1 - Воспоставување на услови за деинституционализација на лица со попреченост.

Апликантите треба да имаат завршено високо образование во доменот на социјални студии – специјални едукатори и рехабилитатори, 15 години работно искуство во областа на социјалните аспекти во работа со лица со попреченост, искуство во подготовка на материјали за тренинзи и обуки во оваа област, како и документи и/или студии во овој домен, претходно искуство во подготовка на Програми, правилници и документи за едукација на асистенти / социјални работници за поддржано живеење.

Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со финансиска понуда на е-маилот info@ceprosard.org.mk

За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: info@ceprosard.org.mk и/или iskrakacarska@gmail.com

.Краен рок за аплицирање: 03.07.2020 година.

Проектот е финансиран од IPA II 2017 акциската програма од фондот за ЕУ поддршката за образование, вработување и социјална политика, во времетраење од 36 месеци.
Проектот е имплементиран во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- Општина Демир Капија;
- Специјалниот Завод Демир Капија и
- Фондацијата Лоза од Шведска

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap