EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Повик за ангажирање консултанти за изработка на Анализа на моментална состојба на лица со попреченост во резиденцијални институции

ЦеПроСАРД во рамките на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР објавува повик за ангажман на стручни лица - консултанти за изработка на Анализа на моментална состојба на лица со попреченост во Специјалниот Завод Демир Капија

ЦеПроСАРД бара две искусни, стручни и одговорни лица, кои за потребите на овој проект ќе изработат Анализа на моменталната состојба на лицата со попреченост, oд областа на социјалната заштита. Оваа активност е дел од кластерот активности 1 - Воспоставување на услови за деинституционализација на лица со попреченост.

Апликантите потребно е да имаат завршено високо образование во доменот на социјални студии – специјални едукатори и рехабилитатори и социјална работа, 5 години работно искуство во директна работа со лица со попреченост, познавање и практично искуство на процесот на деинституционализација, искуство во подготовка на анализи на состојба на лица со попреченост во резиденцијални институции, искуство во индивидуалните потреби на лицата со попреченост во резиденцијалните институции (нивото на поддршка кое им е потребно за живеење надвор од институцијата, нивото на нивно функционирање во секојдневните активности, можноста за нивно вклучување во професионални активности или професионална рехабилитација), искуство во подготовка на лица со попреченост за поддржано живеење во заедницата, практично работно искуство на лицата со тешка попреченост- резиденти во институцијата, знаење и вештини во проценка на лицата со попреченост, одлично познавање на моменталниот закон за социјална работа и социјална заштита.
Заинтересираните лица ги замолуваме да испратат CV со финансиска понуда на е-маилот info@ceprosard.org.mk
За повеќе информации ве молиме обратете се на 02 3061 391 или на: iskrakacarska@gmail.com

Краен рок за аплицирање: 19 јуни 2020 година.

Проектот е во времетраење од 36 месеци.
Проектот е финансиран од Европска Унија.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap