EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржан прв Состанок на Насочувачки Комитет во рамки на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР

На 27 мај, преку платформата ZOOM се одржа првиот од трите предвидени состаноци на Насочувачки комитет во рамки имплементацијата на проектот „Заедно за повеќе можности и поддршка” – ТИМОР.

Состанокот го отвори претседателот на Насочувачкиот комитет, г-ѓа Слободанка Лазова Здравковска – раководител на одделение за заштита на инвалидни лица и заштита на стари лица, МТСП. Дел од тематиките кои беа опфатени во дискусијата беа имплементираните активности во изминатиот период, давајки акцент на работата во услови на COVID-19 вирусот, финансиската реалокација на средства од проектот за потребите на СИ Демир Капија како и Планот за комуникација и видливост на проектот.

На состанокот покрај претставници на членовите на конзорциумот, присуствуваа и г-ѓа Маја Крстевска – Центар за образование на возрасните и г-ѓа Наташа Станојковска Трајковска - Институт за специјална едукација и рехабилитација. Присутните дискутираа и ги разменија своите мислења и идеи за можни алтернативи на реализација на идните активности на проектот кои се директно поврзани со ситуацијата со моменталната пандемија, со цел навремено и квалитетно исполнување на истите.

Проектот е имплементиран во конзорциум со:
- Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија;
- Општина Демир Капија;
- Специјалниот Завод Демир Капија и
- Фондацијата Лоза од Шведска

Проектот е финансиран од IPA II 2017 акциската програма од фондот за ЕУ поддршката за образование, вработување и социјална политика

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap