EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЗГ ЦеПроСАРД продолжува со активности од проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“

Во рамки на проектот „Посилна граѓанска поддршка за ефикасна апликација на политиките од областа на енергетиката во процесот на пристапување кон ЕУ“ во изминатиот период беше спроведена проценка на ставот и капацитетите на ГО кои работат во областа на животната средина поврзани со нивното учество во процесите на имплементација на политиките од областа на енергетиката.

Во проценката, преку пополнување прашалник, учествуваа организации од целата земја. Резултатите укажуваат на потреба од зајакнување на капацитетите и учество на граѓанскиот сектор:
- во подговотвката на националните планови за енергија и клима;
- подготовка на акционен план за одржлив енергетски равој и климатски промени;
- подготовката на планските документи за искористување на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на национално и локално ниво и
- можните механизми за граѓанско учество во планирање на развојот на енергетската ефикасност на локално ниво.

Врз основа на добиените резултати ќе бидат насочени темите за обука планирано да се реализира до крајот на овој месец за организациите кои учествуваа во проценката.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap