EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Тимот на проектот финансиран од Владата на Република Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година „Чиста Енергија за Чист Воздух“, денес, 14 мај одржа онлајн Завршен Настан преку ZOOM платформата

На настанот, како завршна активност од проектот беа промовирани проектните резултати во областа за намалување на аерозагадувањето во Скопскиот плански регион, како и активностите на клучните мапирани чинители во проектот на тематиката. Во воведниот дел од настанот свое обраќање имаа г-дин Јани Макрадули, заменик министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Општина Карпош – г-дин Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Бутел – г-дин Велимир Смилевски, како и претставник од Општина Шуто Оризари.

Директорите на средните училишта СГГУГС „Здравко Цветковски“, СЕТУ „Михајло Пупин“ и СУГС “Шаип Јусуф” дадоа свој осврт на активностите на училиштата во оваа тематика и инволвираноста на учениците во проектните активности. Свое обраќање имаа и г-дин Антонио Јовановски од здружението за одржлив развој и заштита на животната средина “Go Green - Биди Зелен“ , како и г-ѓа Наташа Доковска од ЗГ “Новинари за човекови права“ кои допреа до актуелни и важни теми за зелената економија и загувањето на амбиенталниот воздух.

Во завршниот дел на настанот свои презетнации имаа учениците од трите мапирани средни училишта, а г-дин Дејан Филипоски го презентираше изработениот Водич за енергија и животна средина и спроведените обуки во рамки на проектот.

Целта на проектот е Скопскиот Плански Регион (СПР) да се развие на одржлив начин со примена на најдобрите практики за зачувување на животната средина со фокус на намалување на аерозагадувањето.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap