На 09 март 2020, тимот на ЗГ ЦеПроСАРД, во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух”, потпиша Меморандум за соработка со ЗГ Центра за ресурси во животна средина – РЕЦ.
Овој меморандум за соработка ја уважува добрата волја и заинтересираноста на двете страни за соработка и професионалната поддршка во имплементирање на активности кои се однесуваат на спроведување на политиките од областа на заштитата на животната средина и одржливиот развој, особено во делот на воведувањето на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во сите сектори.
Проектот се спроведува со финаниска поддршка на Владата на Р. Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година.
|
|