EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЗГ„Цепросард“-Скопје со свој претставник учествуваше на обуката за јакнење на капацитетите на заинтересирани страни за концептот за екосистеми и екосистемски услуги

Во рамките на втората фаза од Програмата за зачувување на природата во Република С. Македонија се одржа обука за јакнење на капацитетите на заинтересирани страни за концептот за екосистеми и екосистемски услуги.

Обуката е конципирана во 6 модули и од 29-30 јануари во хотел „Манастир“, Берово, се одржа Модул 1- Вовед во концептот за екосистеми и екосистемски услуги и сродни концепти.

ЗГ„Цепросард“- Скопје со свој претставник имаше чест да биде дел од оваа програмска активност која отвара поле за работа во областите на одржлив развој,влијанието на биолошката разновидност во фунционирање и одржување на екосистемите во нашата земја.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap