EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржан состанок со претставници на Министерството за труд и социјална политика во рамки на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР

На 04.02.2020 (вторник) дел од тимот на проектот “Заедно за повеќе можности и поддршка“ - ТИМОР по покана на претставници од Министерството за труд и социјална политика одржаа информативен состанок во просториите на министерството.

На состанокот беше презентиран процесот на креирање на проектот и развојот на соработката со ко-апликантите, беа дискутирани проектните цели, активностите на проектот и беше потенцирана потребата за заедничка соработка во процесот на деинституционализација во РСМ.

Претставниците од министерството побараа увид во деталната временска рамка на активности, со цел назначениот тим да може проактивно и навремено да ги следи активностите за да може да дава насоки при реализирањето на истите. Претставник на МТСП официјално ќе биде номиниран и за членство на Насочувачкиот Комитет, кој како тело ќе заседава неколку пати во времетраењето на проектната имплементација.

Проектот е имплементиран од ЦеПроСАРД во конзорциум со:
- Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија
- Специјален Завод Демир Капија
- Општина Демир Капија
- Лоза Фондација, Шведска
Проектот е во времетраење од 36 месеци, а е финансиран од Европска Унија.

изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap