EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


“Постигнување заштита на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето”

На 18.12.2019г. Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој-Цепросард со свој претставник учествуваше на завршниот настан “Постигнување заштита на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето”,во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка на од Програмата на Обединети Нации за животна средина (UNEP).Овој настан беше во рамките од втората компонента на GEF/UNEP проектот и беа презентирани резултатите од двегодишниот процес на изработката на националните Црвени листи во Република Северна Македониjа. Со тоа нашата држава стана дел од државите кои имаат Национална црвена листа согласно најстрогите препораки на IUCN.
На настанот беше презентирана и националната веб-страница на Црвени листи, деталните Црвени листи за влечуги и водоземци, приоритетната листа за васкуларни растенија, а се разговараше и за употребата на црвените листи во националната политика, како и за понатамошниот развој на Црвените листи во нашата држава.
Процесот на развој на првите Национални црвени листи во РСМ го води МЖСПП со поддршка од Светската унија за заштита на природата (IUCN) преку Канцеларијата за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) со седиште во Белград.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap