EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржан информативен состанок со претставници од општина Бутел во рамки на проектот “Чиста енергија за чист воздух“

Проектниот тим на проектот “Чиста енергија за чист воздух“ во просториите на општина Бутел на 25.11.2019 одржа информативен состанок со претставници од секторите за локален економски развој и животна средина на општината, како дел од низата информативни средби со таргетираните општини.

На состанокот беа презентирани активностите на проектот, временската рамка на спроведување на истите и беше дискутиран најдобриот начин за контакт на ентитети кои би дале значаен придонес за реализација на Тркалезна маса како еден од првите предвиени проектни активности.
Претставниците од општина Бутел го споделија своето видување околу проблемот со аерозагадувањето како во нивната општина, така и на територијата на Скопскиот плански регион и дадоа насоки за ефективно вмрежување на различни чинители што ќе придонесе кон остварувањето на проектните цели.

Проектот “Чиста енергија за чист воздух“ се спроведува со финаниска поддршка на Владата на Република Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година, во времетраење од 6 месеци.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap