EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЗГ ЦеПроСАРД со свој претставник учествуваше на работилницата за „Градење технички капацитети за биодиверзитет на сите нивоа во Македонија“

На 13.11.2019 во хотел Карпош во Скопје, беше организирана работилница за експертите кои работат во областа на заштитата на животната средина. На работилницата беше презентирана програма за градење на капацитети на биолошката разновидност која e насочена кон промовирање на добри меѓународни практики во државата и поддршка на институциите да градат капацитети за проценка и управување со проблемите со биолошката разновидност и заштитените области во согласност со добрите меѓународни практики и обврските на државата за заштита на животна средина согласно меѓународните конвенции.

Работилницата беше организирана од страна на компанијата “Hardner & Gullison Associates, LLC“ која е ангажиран консултант за „Програма за градење технички капацитети за биодиверзитет на сите нивоа во Македонија“, од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР).


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap