EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Работи на ревитализација и обележување на велосипедски патеки во НП Пелистер

Продолжуваат градежните активности за ревитализација и обележување на две велосипедски патеки во НП „Пелистер“. Работите се изведуваат во рамки на проектот Поддршка за подобро управување на природните ресурси во Националниот парк „Пелистер“, а зафатите се вршат на:
- Кружна патека 10 км: Ротино - Голема Ливада – Магарево – Трново – Ротино, и
- Патека 3,5 км: Ротино – Инфоцентар „Пелистер“.

Овој проект го имплементира ЦеПроСАРД во соработка со НП Пелистер. Истиот е дел од Програмата за Подобро управување со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap