EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЦеПроСАРД на консултативна расправа за Нацрт планот за управување со подрачјата од Натура 2000 во границите на НП Пелистер

Претставник на ЦеПроСАРД учествуваше на јавната консултавина работилница за спроведување на 1-вата компонента „Зајакнети капацитети за подготовка на нацрт плановите за управување на заштитените природни подрачја, коишто се од национален и ЕУ интерес за конзервација (потенцијални Натура 2000 подрачја)“, во рамките на Твининг проектот “Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата”.

Расправата се одржа во Салата на Советот на Општина Битола
на ден 11 јули 2019 г. (четврток) со почеток во 13,30 часот.

Целта на работилница беше да се претстават клучните елементи на Нацрт планот за управување според Натура 2000 за Националниот парк Пелистер, со акцент на начинот на примена на барањата на ЕУ Директивата за живеалишта и Директивата за птици, во врска со конзервацијата на биоразновидноста, како и за начинот на вметнување на тие барања во План за управување на НП Пелистер.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap