EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Учество на претставник од тимот на ЦеПроСАРД во работилница на Текстилно Трговско Здружение - Текстилен кластер, претставување на проектот Design4Circle

На 27.06.2019 беше реализирана работилница каде што беше претставен проектот Design4Circle од страна на претставници на Текстилното Трговско Здружение- Текстилен кластер пред професори од стручните текстилни училишта, претставници од текстилната индустрија како и волонтер од ЗГ ЦеПроСАРД.
Наслов на работлиницата: Проектни активности и прелиминарни резултати од деск-истражувањата (анкета) Кружна економија во индустријата за текстил и обувки, вештини и компетенции за обновување на секторот.
Цел на работилницата : да се претстават прелиминарните резултати од деск-истражување за циркуларната економија во индустријата за текстил и обувки и да се идентификуваат и дефинираат потребните вештини и компетенции за обновување на секторот.
По презентацијата следеше дискусија каде беа дадени предлози и коментари во однос на проектот.
Оваа работилница е организирана во склоп на проектот ЕРАЗМУС кој ТТЗ го реализира во партнерство со 5 други земји: Летонија, Белгија, Шпанија, Португалија и Романија.
Проектот е финансиран од Европската комисија и кофинансиран од Еразмус+ Програмата на Европска Унија


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap