EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Тимот на ЦеПроСАРД на Координација од која произлегува работна синергија

Денес, 24 Јуни 2019 година, се одржа заеднички состанок со сите инволвирани страни во изработката на Студијата за валоризација и ревалоризација на вредностите во НП Пелистер, како дел од изработката на Новипот План за управување на НП Пелистер, проект кој е финасиран од фондот ПОНТ (PRESPA OHRID NATURE TRUST).

На состанокот се дискутираше за досегашните превземени активности од страна на ДЕКОНС-ЕМА (консултантската компанијата која ги спроведува активностите за изработка на Студијата за валоризација/ревалоризација на вредностите во НП Пелистер (во содејство со научните работници ангажирани преку МЕД (Македонското еколошко друштво) и други консултанти.
Покрај тоа, на состанокот беа разгледани и договарените заеднички активности на НП Пелистер и ДЕКОНС-ЕМА со Твининг проектот за изработката на Планот за управување со Натура 2000 подрачјата во НП Пелистер (пилот подрачје), во кои активности има учество и УНДП со неколку домашни експерти. Заради остварување на целосна синергија, покрај поддршката на Министерството за животна средина и просторно планирање, на работната средба учествуваа и организации кои во моментот спроведуваат проекти на територијата на Паркот - ЦеПроСАРД (кој во соработка со Паркот го спроведува проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во НП Пелистер“ како и „Балканската фондација за одржлив развој“. Проектите на овие две организации се финасирани од ЕУ, а се спроведуваат и со поддршка од УНДП и МЖСПП.

На состанокот своевидна координативно – насочувачка улога имаше и претставникот на Фондот за развој на регионот Охрид - Преспа (ПОНТ), како главен финансиер за спроведување на Студијата за валоризација/ревалоризација на вредностите на НП Пелистер, во рамките на која донација ќе биде финансирана и изработката на Новиот план за управување на НП Пелистер, со поддршка од Твининг проектот, УНДП, но и сопствени работни ангажмани на персоналот, вработен во НП Пелистер.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap