EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Одржан Завршен Настан по проектот “BUILDLAG“во големата сала на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на 05.06.2019

Здружението на граѓани Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД во соработка со партнер организациите The Association of Young Farmers Asaja Granada од Шпанија и LAG UNA од Хрватска организираа Завршен Настан на 05.06.2019 во големата сала при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како дел од 18-месечниот проект „Градење на капацитети за одржлив развој на локалните акциски групи – ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ – BUILDLAG“, финансиран од Европската Унија (ИПА Програмата).

Настанот имаше за цел да овозможи приказ на значењето примената на LEADER пристапот и локалните акциски групи во ЕУ интеграцијата, преглед на проектните активности, тековната состојба на формираните ЛАГ-ови во Република Северна Македонија и предизвиците што следуваат.

На настанот, свое обраќање имаа претставници од МЗШВ, директорот на Центарот за Развој на Полошкиот плански регион, како и градоначалникот на општина Желино. Проектните партнери од Шпанија и Хрватска ги презентираа заклучоците од проектните активности и изработените препораки до локалната самоуправа за создавање одржливи решенија и практики на долгорочен план за функционирањето на локалните акциски групи и ЛИДЕР пристапот и поддршка во процесот на интеграција на земјата во ЕУ.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap