EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Тимот на проектот “BUILDLAG” одржа состанок за логистичка подготовка пред презентација на стратегијата на новоформираниот ЛАГ

На 24.04.2019 година во просториите на ЗГ ЦеПроСАРД , тимот на проектот Градење на капацитети за одржлив развој на Локалните Акциски Групи - ЛАГ во процесите на интеграција во ЕУ - “BUILDLAG” одржа состанок со г-ѓа Весна Николовска, експерт за одржлив развој, со цел добивање насоки за успешно организирање на настан во полошкиот плански регион со цел презентирање на стратегијата на новоформираниот ЛАГ - “Полог - ЛИДЕР”. Изработената стратегија ќе биде презентирана во Центарот за Развој на Полошкиот плански регион, каде ќе присуствуваат основачите на новоформираниот ЛАГ.
Проектот има за цел зајакнување на јавното приватно партнерство помеѓу рурални невладини организации, бизнис асоцијации и локални власти преку трансфер на знаење, најдобри практики и искуство пренесено од ЕУ за воспоставување и функционирање на Локални Акциски Групи (ЛАГ).

Проектот е финансиран од ЕУ.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap