EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


Мониторинг на крупни животни во Националниот парк Пелистер во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“

На 23 април 2019 година, стручни лица ангажирани од ЦеПроСАРД, во соработка со вработените од НП Пелистер, направија увид и контрола на локациите и фото-замки поставени на територијата на Паркот во рамки на Активноста Мониторинг и заштита на крупни месојади: кафеава мечка (Ursus arctos), рис (Lynx lynx) и волк (Canis lupus) како клучни видови според Анекс II од Директивата на ЕУ за живеалишта во Националниот парк „Пелистер“.

Оваа активност се спроведува во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер“.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а се спроведува со поддршка на УНДП и МЖСПП.


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap