EN   AL
ISO 9001:2008         ISO 14001:2004


ЦеПроСАРД потпиша договор со претставник од Алуминка ДОО за изведба на конструкцијата за СТИК по проектот „Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри“

Во рамки на проектот “Поттикнување на руралниот и еколошкиот туризам преку паметни туристички информативни центри – ФРЕТ СТИК“, ЗГ ЦеПроСАРД Скопје, и Алуминка ДОО од Скопје, на 15 март, 2019 (петок), во просториите на ЦеПроСАРД потпишаа договор за изведба на конструкција на СТИК (Паметен Туристички Информативен Центар).

Конструкцијата на СТИК е дел од активностите предвидени со проектот за развој и промоција на локалниот и регионалниот туризам преку иновативни пристапи и системи за подобрување на руралното и еколошкото искуство, како и создавање на поволно опкружување за стратешки дофат и бенефит не само од националните и регионалните пазари, туку и од новите меѓународни пазари во туристичката индустрија.

Проектот е финансиран од ЕУ


изработено од Кипс ком
ЦеПроСАРД @ 2008 - 2011
facebook     linkedin     email     sitemap